„АДА“ ќе биде достапна за граѓаните и заинтересираните странски инвеститори 24/7 и ќе може да одговори на сите најчести прашања во врска со програмите за државна помош на Владата на Република Северна Македонија. Во текот на оваа година се очекува дигиталниот асистент да биде инсталиран на веб-страницата на Фондот за иновации и технолошки развој, за што јавноста навреме ќе биде информирана“, изјавија од ФИТР за Порталб.мк.Од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи за Порталб.мк потврдија дека во моментов ниту една институција во РСМ не користи вештачка интелигенција. За „АДА“ објаснуваат дека во првата фаза ќе дава услуги за инвеститорите.
„АДА“, во првата фаза, ќе обезбедува услуги во делот на државна помош, односно ќе одговара на прашања на заинтересирани инвеститори во врска со реализација на нивните инвестициски планови во нашата земја и каков вид и обем на државна помош се нуди преку програмите на Владата. Ќе собира податоци единствено за параметрите на инвестициските проекти на субјектите кои самите ќе изберат да ги споделат со виртуелниот асистент”, велат од кабинетот на Битиќи.Според нив, предностите се многубројни, но нема ризик од користење на „АДА“.
„Предностите се брз и отворен пристап до информации, унифицираност на споделување на можностите за инвестирање, заштедата на време и ресурси и друго. Од аспект на давателот на информации, не постои ризик бидејќи се работи за информации и податоци кои и сега се јавно достапни. Од аспект на корисниците на сервисот, исто така не постои ризик бидејќи споделуваат базични информации за своите планови кои се собираат во база на податоци која ја управуваат и надгледуваат лица од институциите, кои работат со потенцијални инвеститори на дневна основа”, одговорија од кабинетот на Битиќи.
Инспирација за дизајнот на оваа алатка е Aда Ловлејс, која се смета за првата жена програмер во светот. Според образложението на Владата, дигиталниот асистент „АДА“ во иднина ќе биде главна точка за контакт за услугите за граѓаните, која целосно ќе се дигитализира.Инаку, презентирањето на роботот Chat GPT, кој има способност да разговара како човек со висок степен на флуентност и кохерентност, го сврте вниманието на светот на употребата на вештачката интелигенција во служба на човекот, но и за можните опасности кои може да ги донесе таа.
Порталб.мк, претходно пишуваше дека употребата на вештачката интелигенција (ВИ) во недостаток на стратегија или регулатива ги изложува граѓаните на ризик од потенцијална злоупотреба. РСМ формираше работна група за Националната стратегија за вештачката интелигенција , но од 2021 година одржан е само еден состанок.Според експертите, користењето на вештачката интелигенција во јавниот сектор би помогнало да се зголеми квалитетот на услугите, да се заштеди времето и парите на граѓаните, но и да се спречи корупцијата. Меѓутоа, ако вештачката интелигенција се користи нетранспарентно, последиците ги надминуваат придобивките.